Според информациите од МВР, Аца Лукас бил приведен бидејки настапувал без потребната дозвола во локалот, каде што дополнително инспектори на ДПИ и УЈП при вршење на акциска контрола утврдиле дека биле присутни поголем број на гости од дозволениот.

„Против Аца Лукас е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна.

При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.“ – се вели во соопштението од МВР

Иако максималниот капацитет на локалот во Кавадарци бил за 200 посетители, според неофицијални информации за време на настапот на Аца Лукас имало 500 гости.

Слични новости

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Пратеничката група на СДСМ не е опфатена со партиската чистка

Партиската чистка на раководството и Извршниот одбор нема да ја зафати и пратеничката група на СДСМ. Филипче нема да бара враќање на пратеничките мандати, затоа што смета дека тие се искусни професионалци кои се добар репрезент на партијата во Собранието.