Пожарот кој се слиучи ноќеска во населбата Шуто Оризари избувнал во 03:20 часот, опожарени се над 20 дуќани, сите во соптвеност на едно лице.

Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

 

Слични новости

Колони возила на Богородица

Колони возила на Богородица

На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.