Министерството за внатрешни работи и натаму не објаснува како Ива Михаилова избега од Македонија во Бугарија и соопштува дека одделот за внатрешна контрола преземаа соодветни активности по што јавноста ќе биде соодветно известена.

АНБ соопшти дека не е надлежна за спроведување на мерки определни од суд за обезбедување на присуство на обвинети или осомничени лица.

Премиерот Христијан Мицкоски и порача на јавноста дека се води истрага и дека доказите од истрагата ќе ги презентира во НАТО за да покажеме како се однесуваат партнерски земји во НАТО. „

Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.

Бугарското МВР соопшти дека не испорачува бугарски државјани, а во меѓувреме судењето за сообраќајката во која учествуваше Мијалова , а во која едно лице го загуби животот продолжува на 9 ноември во отуство на Михаилова.

Слични новости

Уставниот суд повторно решава за финансирањето на државното рекламирање

Уставниот суд повторно решава за финансирањето на државното рекламирање

Иницијативите се поднесени од Левица и партијата Демократи, а се оспоруваат членовите кои се однесуваат на распределбата на медиумскиот простор и јавните средства за платено политичко рекламирање меѓу учесниците на изборите.