Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.

За санкционирање на пречекорувањето на дозволената брзина, глобата ќе зависи од тоа колку километри на час над дозволената брзина некој вози. За пречекорување до 20 километри на час, глобата е 20 евра. за 20 до 30 километри на час над дозволената брзина според законското решение е предвидено да плати 45 евра глоба.

За пречекорување на дозволената брзина од 30 до 50 километри на час казната е 300 евра и забрана да управува со возило од 3 до 12 месеци. За пречекорување над 50 километри на час глобата е 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување со моторно возило од најмалку една година. 

Слични новости

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ.