Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчистило убиството на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело вчераутро било пронајдено во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид.

Осомничениот, 53-годишниот Ж.Г. од тетовското село Брвеница, бил уапсен истото попладне по претходно распишана централна потерница.

Осомничениот бил лишен од слобода во Брвеница од полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по потерница од СВР Охрид. Против него, по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена  кривична пријава за убиство.

Според неофицијални информации станува збор за болничар кој и бил познат и порано на полицијата и бил апсен заради закани на политичари на социјалните мрежи.

 

Слични новости

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.