Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчистило убиството на 76-годишен охриѓанец, чие безживотно тело вчераутро било пронајдено во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид.
Осомничениот, 53-годишниот Ж.Г. од тетовското село Брвеница, бил уапсен истото попладне по претходно распишана централна потерница.
Осомничениот бил лишен од слобода во Брвеница од полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по потерница од СВР Охрид. Против него, по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава за убиство.
Според неофицијални информации станува збор за болничар кој и бил познат и порано на полицијата и бил апсен заради закани на политичари на социјалните мрежи.
Слични новости
АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите
Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.
„Стоп за Усје“ денеска на протестен марш за чист воздух
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска ќе одржи протестен марш како притисок за поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.
Од утре почнува да казнува „Сејф сити“
Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.


