МВР соопшти дека системот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово, Куманово и по коридорите 8 и 10, наместо на првично најавениот датум, од први јануари.
Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите и на влезовите во Тетово и Куманово.
Во повеќе случаи не беа детектирани ни прекршоци при возење над дозволената брзина, ниту пак непочитување на семафорот. Единствено регистрирана опомена имаше на обиколницата во Скопје.
Дополнителниот месец, велат од институцијата, ќе служи и за возачите да ги прилагодат своите навики пред почетокот на автоматизираното казнување.
Слични новости
Косовци го преживеаја падот на авионот во Мавровското езеро
Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион,
Пронајдено тело на жена која претходно била пријавена за исчезната во близина на Гостивар
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде што беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка.
Најстудено утрово во Берово
Најстудено утрово е во Берово, четири степени под нулата


