Највисока месечна бруто плата во лигите на „големата петорка“ има напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кој заработува 2,67 милиони евра, следи напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој добива 2,57 милиони евра месечно, а трет е напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, кој заработува 2,5 милиони евра.
Во Премиер лигата, Халанд го следи неговиот соиграч Кевин де Брујне (2,06), а потоа следува дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Касемиро (1,8) и напаѓачот на Ливерпул, Египќанецот Мохамед Салах (1,8).

Што се однесува до менаџерите, водечки имиња на „Островот“ се Шпанците Пеп Гвардиола и Микел Артета. Шефот на Манчестер Сити наводно заработува 1,98 милиони евра месечно, додека Шпанецот на клупата на Арсенал заработува 1,48 милиони евра.
Во шпанската Примера листата ја предводат веќе споменатите Мбапе и Винисиус, а трет е полскиот репрезентативец и напаѓач на Барселона Роберт Левандовски со 2,17 милиони евра месечно. Во ТОП 5 се и играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, и двајцата со месечни плати од 1,67 милиони евра.
Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, е далеку пред својот сосед од Реал Мадрид, Карло Анчелоти. „Ел Чоло“ месечно заработува 2,17 милиони евра, а Италијанецот 910.000 евра. Германецот Ханси Флик кој минатото лето пристигна во Барселона има месечна плата од 830.000 евра.
Во Серија А, српскиот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ го зазема првото место со проценета месечна бруто плата од 1,62 милиони евра. Зад него се двајца Аргентинци, Лаутаро Мартинез од Интер (1,39) и напаѓачот на Рома, Пауло Дибала (1,08).
Што се однесува до тренерите, Антонио Конте и Симоне Инзаги се на врвот на листата, и двајцата заработуваат по милион евра месечно, Конте во Наполи а Инзаги во Интер.
Баерн Минхен сѐ уште го држи првото место во Германија. Првите пет најплатени играчи во Бундеслигата се играчите на Баерн – Хари Кејн и Џамал Мусиала се на врвот на листата со 2,1 милиони евра бруто месечна заработка. Следни се искусните Мануел Нојер и Томас Милер, двајцата со 1,66 милиони евра, а потоа Кингсли Коман со 1,42 милиони евра.
Белгиецот Винсент Компани, кој минатото лето дојде во Баерн, е далеку пред Шпанецот Чаби Алонсо, кој го предводи Баер Леверкузен. Компани заработува 750.000 евра бруто месечно, а Алонсо 425.000 евра. Трет е Марко Роуз од РБ Лајпциг со 375.000 евра.
Со заминувањето на Мбапе во Реал Мадрид, првото место на листата на најплатени играчи во француската Лига 1 го презеде неговиот репрезентативен колега и поранешен соиграч од парискиот клуб, Усман Дембеле, кој добива 1,5 милиони евра месечно.
Зад него се клупските соиграчи Маркињос (1,12 милиони евра), Лукас Ернандез (1,1) и Ахраф Хакими и Квича Кваратшкелија со по еден милион евра месечно.
ПСЖ доминира на листата, имајќи предвид дека првите 12 места се окупирани од играчи од главниот град. Први кои не се Парижани се играчите на Марсеј, Адриен Рабио и Пјер-Емил Хојбјерг со по 500.000 евра бруто месечно.
Слични новости
Бетис го доби градското дерби со Севиља, Барселона ја одржува преднос пред Реал
Во последниот неделен натпревар од 29-то коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Бетис ја совлада Севиља со 2:1 во градското дерби
Наполи го победи Милан, ја одржа разликата зад Интер
Во дербито од 30. коло на италијанскиот фудбалски шампионат, Наполи го совлада Милан со 2:1, намалувајќи ја разликата зад водечкиот Интер на три бода
ФА Куп: Манчестер Сити последен полуфиналист
Манчестер Сити е последниот тим што стигна до полуфиналето на англискиот ФА Куп, победувајќи со 2:1 на гостувањето кај Борнмаут