На напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, му беа потребни само шест минути и 42 секунди за да постигне три гола против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

На тој начин, Мбапе го постигна вториот најбрз „хет-трик“ во Лигата на шампионите. Рекордот сè уште го држи Мохамед Салах, кој постигна три гола за шест минути и 12 секунди во победата на Ливерпул од 7>1 против Ренџерс во октомври 2022 година.

„Беше многу важно да се победи. Знаеме дека три натпреварa без победа се многу за тим како нас. Беше тежок натпревар, тешко е да се победи тука“, рече францускиот напаѓач по победата на Реал од 4:3 во Пиреја.

 

Во 92 настапи во Лигата на шампионите за Монако, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, Мбапе сега има пет хет-трика.

Трет на листата на најбрзи хет-трикови е Бафетимби Гомис, кој постигна три гола во рок од осум минути во победата на Лион од 7:1 над Динамо Загреб.

Мбапе постигна вкупно четири гола на натпреварот против Олимпијакос, приклучувајќи се на листата на играчи кои го оствариле овој подвиг. Рекордерите сè уште се Лионел Меси, Луиз Адријано и Ерлинг Халанд, со по пет гола на еден натпревар.

globe

Слични новости

Тренерот на Аугсбург Сандро Вагнер доби отказ по серија лоши резултати

Тренерот на Аугсбург Сандро Вагнер доби отказ по серија лоши резултати

Бундеслигашот Аугсбург му даде отказ на тренерот Сандро Вагнер по низата слаби резултати на тимот. Екипата од Баварија има три порази во низа во Бундеслигата каде што се наоѓа на 14-тото место со само 3 победи од 12 одиграни мечеви.