На напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, му беа потребни само шест минути и 42 секунди за да постигне три гола против Олимпијакос во Лигата на шампионите.
На тој начин, Мбапе го постигна вториот најбрз „хет-трик“ во Лигата на шампионите. Рекордот сè уште го држи Мохамед Салах, кој постигна три гола за шест минути и 12 секунди во победата на Ливерпул од 7>1 против Ренџерс во октомври 2022 година.
„Беше многу важно да се победи. Знаеме дека три натпреварa без победа се многу за тим како нас. Беше тежок натпревар, тешко е да се победи тука“, рече францускиот напаѓач по победата на Реал од 4:3 во Пиреја.
Во 92 настапи во Лигата на шампионите за Монако, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, Мбапе сега има пет хет-трика.
Трет на листата на најбрзи хет-трикови е Бафетимби Гомис, кој постигна три гола во рок од осум минути во победата на Лион од 7:1 над Динамо Загреб.
Мбапе постигна вкупно четири гола на натпреварот против Олимпијакос, приклучувајќи се на листата на играчи кои го оствариле овој подвиг. Рекордерите сè уште се Лионел Меси, Луиз Адријано и Ерлинг Халанд, со по пет гола на еден натпревар.
Слични новости
НБА: По четири врзани порази на домашен терен Денвер победи на гости кај Индијана
Блескава партија во тимот на Денвер имаше Џамал Мари кој постигна 52 коша. Мари постигна 10 тројки од 11 обиди со процент на шут за три поени од 91 насто
Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки
Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.
Киксови на Ливерпул и Челси
Ливерпул никако да излезе од кризата. Вечерва на нивниот Енфилд одиграа само 1:1 со Сандерленд и се подалеку се од борбата за одбрана на титулата, затоа што водечкиот Арсенал им се одлепи на цели 11 бодови предност.


