Годишната инфлација во еврозоната според прелиминарните проценки порасна во мај на 3,2 насто, од априлските 3 проценти. Ова е највиска стапка на инфлација од септември 2023 објави денеска Евростат.

Растот на инфлацијата е пред се последица на силниот скок на цените на енергентите, кои во мај пораснаа за 10,9 насто на годишно ниво.

Цените на услугите забележаа раст од 3,5 насто меѓугодишно, што е исто така зголемување во однос на претходниот месец кога таа бројка изнесуваше 3 насто.

Инфлацијата во категориите на храната, алкохолот и тутунот изнесуваше 2 насто, што е извесно подобрување во однос на април.

Слични новости

Цената на нафтата повторно расте

Цената на нафтата повторно расте

Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите