Американскиот технолошки гигант Мајкрософт денеска соопшти дека ќе вложи 10 милијарди долари во развој на центар за податоци на брегот на Португалија во градот Синес кој се наоѓа на околу 150 километри од главниот град Лисабон.
Ова вложување на Мајкрософт е едено од најголемите вложувања во Европа оваа година, а се реализира во партнерство со португалскиот девелеопер Стар кампус и британската старт ап компанија Енскеил.
Планирана е изградба на шест објекти кои ќе бидат центри за податоци, а првиот објект веќе е изграден, пренесува Ројтерс.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


