Биопикот „Мајкл“ за кралот на попот Мајкл Џејксон заработи нови 36,5 милиони долари овој викенд со што стигна до заработка од 240 милиони долари на американскиот пазар.

„Мајкл“ го надмина досега најуспешниот музички биопик „Боемска рапсодија“ за фронтемнот на британскиот рок бенд „Квин“ кој заработи во САД 216,7 милиони долари.

„Мајкл“ и покрај скромните резенции на филмските критичари стигна до заработка од 577,4 милиони долари глобално и по само три недели прикажување е на четвртото место на најсупешните филмови на Бокс Офисот во 2026, зад „Супер Марио“, „Проектот Хеил Мери “ и „Пегасус 3“.

Слични новости

Слика од Пикасо за 100 евра

Слика од Пикасо за 100 евра

Во Франција е покрената добротворна лотарија во која учесниците за цена од 100 евра потикет, може да освојат слика од Пабло Пикасо, објавија организаторите. Делото на прославениот шпански сликар ќе биде доделено на извлекувањето во аукциската куќа Кристи во Париз.