Мајкл Фасбиндер ја пропуштил шансата да го игра култниот шпионски лик Џемс Бонд, откако на кастот го препорачал својот колега Даниел Крег за таа улога. Ирскиот актер вели дека на средбата со продуцентката на филмовите за Џемс Бонд Барбара Броколи и го препорачал Даниел Крег.
„Не знам зошто го промовирав Даниел, требаше да се промовирам себе си“ се пошегува Фасбиндер во еден подкаст, но потоа рече дека никогаш не верувал дека е во сериозна конкуренција за таа улога.

Прашан дали сега размислува да го игра Џемс Бонд, Фасбиндер одговори дека со тоа е завршено.
Фасбиндер играше шпион на ЦИА во хит серијата „Агенција“ заедно со Ричард Гир и Џефри Рајт, а викендов во новиот филм на Фасбиндер „Црната торба“ повторно игра шпион.
Даниел Крег кој дебитираше во улогата на Џемс Бонд во „Казино Ројал“ од 2006 стана лице на Џемс Бонд франшизата во наредните пет филма.
Најдобро и најдолго улогата на Џемс Бонд ја играа актерите Шон Конери и Роџер Мур.
Слични новости
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.
Британците не сакаат да зборуваат за долговите, платите и штедењето
Речиси 30 отсто од испитаниците признале дека избегнуваат да зборуваат за чувствителни теми, плашејќи се од расправија