Биопикот „Мајкл“ на Антони Фукуа за животот на поп иконата Мајкл Џексон, повторно се врати на првото место на Бокс офисот откако две недели беше паднат на второто место, што многу ретко се случува.

Поради огромната популарност на филмот, „Мајкл“ повторно се врати во Ајмакс кината каде што „Мортал комбат 2“ сериозно потрфли.

Викендов „Мајкл“ зарабти над 28 милиони долари во САД за тотална заработка од 242 милиони долари во САД со што го надмина рекордот на музичкиот биопик „Бохемиан рапсоди“ за лидерот на „Квин“ Фреди Меркјури кој заработи 216 милиони долари.

Глобално Мајкл досега заработи 704 милиони долари и е втор најуспешен филм годинава зад „Галаксијата на Супер Марио“ кој заработи 964 милиони долари.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.