Биопикот „Мајкл“ за поп иконата Мејкл Џексон и натаму остварува добра заработка на американскиот Бокс офис, а викендов беше трет со заработка од нови 20 милиони долари.

„Мајкл“ само во Америка досега има заработено 321 милион долари и импресивни 789 милиони долари вкупно, што го прави втор најуспешен филм во 2026 зад „Галаксијата на Супер Марио“ кој заработи 980 милиони долари.

Над сите очекувања се и резултатите на „Ѓаволот носи Прада 2“ на Бокс офисот. Филмот кој е секвел на културниот моден репер од 2006-та со истиот каст предводен од Мерил Стрип, веќе ја надмина бројката од заработени 600 милиони долари и 200 милиони долари заработка во САД, со што е петти најуспешен филм годинава.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.