
Холивудската ѕвезда Мајкл Даглас ќе ја презентира новата верзија на култниот филм на Милош Форман „Лет над кукавичкото гнездо“ со Џек Николсон на годинашното издание на Филмскиот фестивал Карлови Вари.
Карлови Вари ја одбележува 50 годишнината на култниот филм на Форман кој се случува во лудница, а што е парабола на комунизмот во визијата на чешкиот режисер Милош Форман. Мајкл Даглас беше продуцент на филмот пред 50 години.
„Лет над кукавичкото гнездо“ од 1975 што се смета за филмска класика, ги освои сите значајни категории на Оскарите таа година, вклучувајќи го и Оскарот за филм на годината што му беше врачен на Мајкл Даглас како продуцент на филмот, кој ќе ја претстави реставрираната верзија на филмот заедно со семејството на Форман на Карлови Вари.

Слични новости
Актерот Гери Олдман, фудбалерот Дејвид Бекам и музичарот Роџер Далтри ја добија титулата „сер“.
По повод роденденто на британскиот крал Чарлс денеска им беше доделена почесната титула „сер“ на Оскаровецот Гери Олдман, фронтменот на групата „Ху“ Роцер Далтри и на поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија Девид Бекам.
На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“
Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.
Поранешна девојка на Пи Диди сведочеше дека била принудена на врска со раперот и уште тројца мажи
Во еден од опишаните инциденти, таа тврди дека поминала три дена заклучена во хотелска соба со Диди и уште тројца мажи.