Поранешниот американски фудбалски репрезентативец Мајкл Бредли е новиот тренер на МЛС прволигашот Њујорк Ред Бул.

Триесет иосумгодишнио Бредли одигра 20 сезони во МЛС и водечките европски лиги. Својата играчка кариера ја започна во Њујорк, кој тогаш се викаше МетроСтарс. За време на својата кариера, играше за Рома, Киево, Астон Вила и Борусија Менхенгладбах, а кариерата ја заврши во Торонто во 2023 година. Забележа 151 настап за американската репрезентација и постигна 17 голови.

Својата тренерска кариера ја започна како помошник тренер на својот татко, Боб Бредли, во норвешки Стабек, потоа го водеше вториот тим на Њујорк Ред Булс, а сега го презема првиот тим.

„Одушевен сум што имам можност да бидам главен тренер на клубот каде што ја започнав мојата професионална кариера“, рече Бредли.

„Мајкл имаше исклучителна играчка кариера и покажа светла иднина како тренер“, додаде спортскиот директор Хулијан де Гузман.

Бредли ќе го наследи Германецот Сандро Шварц, кој ја водеше првата екипа од декември 2023 година.

globe

Слични новости

Пеп Гвардиола во јануари продава тројца играчи за да доведе нови засилувања

Пеп Гвардиола во јануари продава тројца играчи за да доведе нови засилувања

Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Мачестер сити Пеп Гвардиола сака да го засили тимот во 2026, а за да ослободи средства во буџетот е подготвен да продаде тројца играчи. Станува збор за Савињо, Рико ЛУис и Оскар Боб.

Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс финалисти на НБА Купот

Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс финалисти на НБА Купот

Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс се финалисти на НБА Купот. Спарс, со враќањето на француската ѕвезда Виктор Вембањама, ги изненадија шампионите Оклахома Сити Тандер со 111:109 во полуфиналето во Лас Вегас, додека Њујорк ги победи Орландо Меџик со 132:120