Поранешниот американски фудбалски репрезентативец Мајкл Бредли е новиот тренер на МЛС прволигашот Њујорк Ред Бул.

Триесет иосумгодишнио Бредли одигра 20 сезони во МЛС и водечките европски лиги. Својата играчка кариера ја започна во Њујорк, кој тогаш се викаше МетроСтарс. За време на својата кариера, играше за Рома, Киево, Астон Вила и Борусија Менхенгладбах, а кариерата ја заврши во Торонто во 2023 година. Забележа 151 настап за американската репрезентација и постигна 17 голови.

Својата тренерска кариера ја започна како помошник тренер на својот татко, Боб Бредли, во норвешки Стабек, потоа го водеше вториот тим на Њујорк Ред Булс, а сега го презема првиот тим.

„Одушевен сум што имам можност да бидам главен тренер на клубот каде што ја започнав мојата професионална кариера“, рече Бредли.

„Мајкл имаше исклучителна играчка кариера и покажа светла иднина како тренер“, додаде спортскиот директор Хулијан де Гузман.

Бредли ќе го наследи Германецот Сандро Шварц, кој ја водеше првата екипа од декември 2023 година.

globe

Слични новости

Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул

Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул

Во 16-тото коло од Евролигата се одигра дербито во Истанбул каде што Панатинаикос како гостин го победи Фенербахче со резултат 81:77. Мечот беше тврд и драматичен од почетокот до крајот на натпреварот.