Биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон на режисерот Ентоа Фукуа далеку ги надмина очекувањата за премиерниот викенд и ги соборува сите рекорди за биопик. Филмот во САД во премиерниот викенд заработи 97 милиони долари, а надвор од Америка филмот заработи 120,4 милиони долари, за тотална заработка од 217,4 милиони долари во премиерниот викенд.

Во Америка „Мајкл“ ги надмина и најоптимистичните прогнози за над 30 милиони долари и го надмина „Боемска Рапсодија“ биопикот за фронтемнот на „Квин“ Фреди Меркјури, но и „Опенхајмер“.

Публиката и критичарите имаат остро несогласување околу квалитетот на филмот, и додека критичарите му даваат главно негативни оценки, публиката просто го обожува.

Улогата на Мајкл Џексон ја толкува Џафар Џексон, синот на ратот на Мајкл Џермеин Џексон.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.