Деветнаесетгодишната филипинска тенисерка Александра Еала се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами, откако ја победи втората светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек со 6-2, 7:5.

Еала, која е 140-та светската ранг-листа победи по час и 41 минуа огра и првпат во својата кариера се пласирапе во полуфиналето на еден ВТА турнир.

Еала истовремено стана првата тенисерка од Филипини која се пласирала во полуфиналето на ВТА турнир, а од понеделник ќе биде и првата Филипинка меѓу најдобрите 100 тенисерки во светот.

Таа е третата тенисерка која играше во Мајами благодарение на вајлд-карта и стигна до полуфиналето, по Белгијката Жастин Енен во 2010 година и Белорусинката Викторија Азаренка во 2018.

Еала во полуфиналето ќе игра против победничката од мечот меѓу Американката Џесика Пегула и Британката Ема Радукану.

Петкратната гренслем шампионка Швјонтек имаше дополнително обезбедување на овој меч, откако навивач ја навредуваше на саботниот тренинг.

globe

Слични новости