Рускиот борец Ислам Махачев е новиот шампион во полусредна категорија на UFC откако го победи поранешниот шампион Австралиецот Џек Дело Мадалена на поени во Њујорк.

 

Триесети ичетиригодишниот борец со тоа стана 11-т борец во историјата на UFC кој го држи појасот во две различни тежински категории, откако претходно беше шампион во лесна категорија.

Махачев сега има 28 победи и само еден пораз, а исто така го израмни и рекордот на UFC од 16 последователни триумфи на Андерсон Силва.

На истиот настан, шампионката во мува категорија Валентина Шевченко од Киргистан го одбрани својот појас против Кинезинката Жанг Вејли со едногласна одлука на судиите. Шевченко ја одбрани титулата по деветти пат.

globe

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0