Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.

Веста е официјално потврдена, а се наведува дека двете страни постигнале договор за спогобен прекин на соработката по разочарувачката сезона на Лацио.

Во минатата сезона Лацио заврши како деветти во Серија А, а со поразот од Интер во финалето на купот на Италија остана без шанси да излезе на европска сцена.

Засега не се спомнува името на новиот тренер на Лацио за следната сезона.

 

Слични новости

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.