Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го ангажираше бразилскиот напаѓач, 26-годишниот Матеус Куња, поранешен член на Вулверхемптон Вондерерс, со петгодишен договор.

Куња имаше клаузула за ослободување вредна 62,5 милиони фунти во Вулверхемптон, која Јунајтед одлучи да ја активира.
„Тешко ми е да опишам со зборови што чувствував откако станав играч на Манчестер Јунајтед. Уште од дете во Бразил, гледајќи натпревари од Премиер лигата на телевизија во куќата на мојата баба, сонував да го носам црвениот дрес. Сега ќе се фокусирам целосно на тоа да станам важен дел од тимот и да му помогнам на клубот да се врати на врвот“, рече Куња.
Слични новости
Индијана поведе со 2-1 во финалето против Оклахома
Индијана Пејсерс ги победија Оклахома Сити Тандер со 116:107 во третиот натпревар од финалето на НБА лигата во Индијанаполис синоќа и поведоа со 2-1 во серијата до четири победи
Ливерпул прифати да плати 150 милиони евра за Флоријан Вирц
Англискиот шампион Ливерпул се договорил за сè со Баер Леверкузен во врска со трансферот на играчот од средниот ред 22-годишниот Флоријан Вирц
Никс одбивани во потрагата по нов тренер
Со оглед на тоа како започна потрагата на Њујорк Никс по нов тренер, наследник на отпуштениот Том Тибодо, таа потрага воопшто нема да биде лесна