Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го ангажираше бразилскиот напаѓач, 26-годишниот Матеус Куња, поранешен член на Вулверхемптон Вондерерс, со петгодишен договор.

Куња имаше клаузула за ослободување вредна 62,5 милиони фунти во Вулверхемптон, која Јунајтед одлучи да ја активира.
„Тешко ми е да опишам со зборови што чувствував откако станав играч на Манчестер Јунајтед. Уште од дете во Бразил, гледајќи натпревари од Премиер лигата на телевизија во куќата на мојата баба, сонував да го носам црвениот дрес. Сега ќе се фокусирам целосно на тоа да станам важен дел од тимот и да му помогнам на клубот да се врати на врвот“, рече Куња.
Слични новости
Македонскиот напаѓач Миовски заминува од Жирона, најверојатно за Шкотска
Според последните информации, за Миовски е заинтересиран и Селтик кој понудил шест милиони фунти за ангажирање на македонскиот фудбалер.
Најголемиот аргентински талент Мастантуоно потпиша за Реал Мадрид
Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на еден од најголемите светски таленти, Франко Мастантуоно.
Филипо Инзаги ја напушти Пиза откако го водеше тимот до Серија „А“
Италијанските медиуми пишуваат дека се очекува Инзаги, кој го водеше и Беневенто до Серија „А“, сега да стане тренер на клубот од Серија „Б“, Палермо.