Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини.
Статусот на дозвола за производители и преработувачи на свинско, говедско и живина ширум САД, вклучително и некои во сопственост на големите производители „Tyson Foods“, „Smithfield Packaged Meats“ и „Cargill Meat Solutions“, е променет од „ефективен“ во „истечен“ на веб-страницата на Кинеската генерална царинска управа.
Агенцијата Reuters во петокот објави дека тие регистрации се изложени на ризик да прeстанување на важењето.

Истекот на лиценците за околу две третини од вкупните регистрирани капацитети може да го ограничи пристапот на САД до кинескиот пазар и да доведе до загуби од околу 5 милијарди американски долари, надоврзувајќи се на предизвиците со кои се соочија американските земјоделци откако Пекинг воведе одмазднички царини за американски земјоделски производи во вредност од околу 21 милијарда долари овој месец.
Регистрациите за 84 фабрики во САД истекоа во февруари, а додека пратките од тие фабрики продолжуваат да се царинат, неизвесно е до кога Кина ќе дозволи увоз. Пекинг бара од извозниците на храна да се регистрираат кај царината за да продаваат во Кина.
Американското Министерство за земјоделство соопшти дека Кина не одговорила на повторените барања за обновување на регистрацијата на земјоделски производи, што потенцијално го прекршува трговскиот договор од „првата фаза“.
Во 2024 година, САД беа третиот најголем снабдувач на месо во Кина по волумен, зад Бразил и Аргентина, со удел од 590.000 тони или 9 отсто од вкупниот кинески увоз на месо. Испораките на месо од САД во Кина минатата година достигнаа 2,5 милијарди долари, што ја става земјата на второто место по вредност.
Губењето на пристапот до Кина би било особено тежок удар за извозниците на производи како што се пилешки стапала и свински отпадоци, кои се помалку се трошат дома.
Извршниот директор на „Smithfield Foods“, Шејн Смит, минатата седмица изјави дека царините го отежнуваат најголемиот американски преработувач на свинско месо да ги продава сите делови од свињи. Компанијата не извезува значителни количества месо во Кина, но испраќа производи од отпадоци, како што се свински желуци, срца и глави, рече Смит.

Слични новости
Европските берзи продолжуваат да растат и покрај корекцијата на Волстрит
На европските берзи седмицата започна со берзански индекси во „зелено“, што само го зголемува контрастот во изведбите на пазарите на капитал во Европа и на Волстрит, но инвеститорите тргуваат внимателно, стравувајќи од нова нестабилност што ги потресе светските берзи последните седмици
Индексот на доларот достигна најниско ниво во последните пет месеци, нафтата поскапе
На девизните пазари, индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на шест други светски валути, во понеделникот претпладнето се движи околу најниското ниво во последните пет месеци од 103,71 поени
Еврото зајакна во однос на доларот втора семица по ред
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна минатата седмица, втора по ред, при што еврото дополнително зајакна во однос на доларот бидејќи зголемената јавна потрошувачка во Германија може да го забрза економскиот раст