Од Лос Анџелес до Њујорк во Америка се шират масовни протести откако агентите на граничната полиција во саботата во Минеаполис го убија 37-годишниот цивил, болничарот Алекс Прети, што е втор таков случај во последните три недели.
Демонстрациите се дел од поширокиот бран протести ширум Америка, каде што илјадници граѓани бара реформи на имигарциската политика и одговорност на федералните органи, изразувајќи незадоволство од употребата на сила.
Демократите побараа од сојузните имиграциски агенти да ја напуштат државата Минесота.
Во меѓувреме родителите на Прети ги осудија „одвратните лаги“ на администрацијата на претседателот Трамп за нивниот син и одлучно негираа дека тој наводно држал пиштол што довел до пукањето. „Алекс дефинитивно немаше пиштол кога го напднаа убијците и кукавичките силеџии на Трамп од ИЦЕ ( службата за имиграција и царини.)
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека гувернерот на Минесота Тим Волц и градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј „поттикнуваат бунт со својата опасна и арогантна реторика“.
Претходно американската министерка за национална безбедност Кристи Ноем изјави дека Алекс Прети бил учесник на „насилни нереди“.
Слични новости
Израел го нападна Хезболах во Либан, над 30 мртви и стотици повредени во Бејрут
Според Министерството за здравство на Либан, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинаа 31 лице, а 149 се повредени.
Нафтата скокна за 8 долари по барел по конфликтот на Блискиот исток
Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12 проценти и таа сега изнесува околу 75 долари за барел. Цената на нафтата Брент пак скокна на 82 долари за барел.
Орбан и Фицо на заеднички фронт поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави консултаци со словачкиот премиер Роберт Фицо поради блокадата на транзитот на нафтата низ нафтоводот „Дружба“...


