Според Forbes и Bloomberg, претприемачот Илон Маск стана првиот човек кој достигнал богатство проценето на повеќе од 400 милијарди долари.
Неговото богатство главно се состои од удели во производителот на електрични автомобили „Tesla“ и вселенската компанија „SpaceX“. Американскиот магазин Forbes во четвртокот го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а компанијата за финансиски услуги Bloomberg објави дека тоа изнесува приближно 447 милијарди долари.
На второ место на листата е основачот на „Amazon“, Џеф Безос, со богатство проценето на повеќе од 240 милијарди долари.

Од претседателските избори во САД на почетокот на ноември, 53-годишникот е значително побогат со порастот на цената на акциите на „Tesla“, барем на хартија. Инвеститорите шпекулираат дека „Tesla“ ќе има полза од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Маск, роден во Јужноафриканската Република, а сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милиони донации за време на изборната кампања и ќе биде дел од неговата влада.
Компаниите на Маск, исто така, ги вклучуваат онлајн платформа X, развивач на вештачка интелигенција xAI и компанија за импланти на мозок „Neuralink“.
Слични новости
Нов рекорд на златото
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево четврти ден по ред достигна ново рекордно ниво – 3.145 долари за унца
Остар пад на Волстрит во првиот квартал
На Волстрит индексот S%P 500 благо порасна во понеделникот, но падна со највисока стапка од 2022 година во текот на целиот прв квартал, што е последица од стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна
Златото над 3.100 долари
Цените на златото во понеделникот надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки