Зближувањето на Илон Маск со американскиот претседател Доналд Трамп, неговата поддршка за европските крајно десничарски партии и нападите врз политиките за различности може да ги одвратат европските купувачи од „Tesla“, велат аналитичарите за AFP.

И во Германија и во Франција, продажбата на автомобили на пионерот на електрични возила се преполови во јануари 2025 година во споредба со минатата година, додека серијата изолирани инциденти насочени кон „Tesla“ го кренаа алармот кај клиентите и аналитичарите во индустријата.

„Никој не сака да биде поврзан со однесувањето на Маск“, вели за AFP германскиот експерт за автомобилскаta индустрија Фердинанд Дуденхофер. Брендот и неговиот шеф се „речиси неразделни“, додава.

Реакциите беа особено силни во Германија, каде Маск изрази силна поддршка за крајно десничарската партија AfD, политичко табу во земја каде што нацистичкото минато останува чувствителна тема иако не се посочува конкретна поврзаност на партијата со нацизмот.

Налепниците со пораката „Го купив овој автомобил пред Илон да полуди“ почнаа да се појавуваат на германските автомобили „Tesla“, следејќи ја кампањата којашто се поведе во САД откако Маск го поддржа Трамп.

Маск, најбогатиот човек на светот, исто така предизвика бура со гест на митингот на Трамп што критичарите го споредија со нацистички поздрав, обвинувања кои шефот на „Tesla“ ги отфрли како неосновани и крајно злонамерни.

Кон крајот на јануари, активистите проектираа џиновска слика од гестот на Маск и зборот „Heil“ на надворешната страна на фабриката на Тесла во близина на Берлин.

„Германија останува многу чувствителна во врска со својата историја, а политичката реторика на Маск е потенцијално токсична, имајќи предвид дека клиентите на Tesla се делумно мотивирани од еколошките грижи“, вели германскиот автомобилски аналитичар Матијас Шмит.

„Автомобилот е добар“, вели 60-годишниот Енрико Парано за неговото возило „Tesla“.

Но, овој банкарски директор со седиште во Франкфурт вели дека „поради однесувањето на Маск, ќе размислам многу внимателно пред да го купам (денес)“ и дека размислува да ги продаде своите акции на „Tesla“.

„Страшно е да му дадеш пари на тој човек“, вели Адријан, млад француски лекар кој купил користена „Tesla“. Тој, сепак, вели дека стравува од еколошка катастрофа доколку светот ја забави транзицијата кон електрични возила.

Други инциденти насочени кон брендот „Tesla“ или неговиот сопственик, сега близок советник на Трамп, се случија надвор од Германија. Во Холандија, изложбениот салон на „Tesla“ беше вандализиран со графити со свастика и антифашистички слогани на почетокот на февруари, според Dutch News.

Во Полска, министерот за туризам Славомир Нитрас рече дека е „неопходно да се одговори решително“ на Маск, навестувајќи можен бојкот.

Секое влијание на бојкотот би било тешко да се измери, бидејќи „Tesla“ е веќе попречен од бројни пречки во Европската унија.

Асортиманот на возила на „Tesla“ старее и брендот се соочи со лавина од конкурентни модели кои го потиснаа слабиот пазар. Сепак, глобалната продажба на „Tesla“ остана стабилна минатата година, а откако Трамп беше надмоќно избран за претседател на САД, акциите на компанијата се искачија на рекордно ниво.

Иева Енглунд од шведскиот институт Novus, кој го спроведе онлајн истражувањето кон крајот на јануари, вели дека мажите во Шведска на возраст меѓу 35 и 49 години, кои би можеле да се сметаат за главна целна група на „Tesla“, остануваат „релативно позитивни“ кон брендот.

Но, прашањето околу вработените во шведската „Tesla“ кои штрајкуваат повеќе од една година барајќи подобри плати и работни услови, како и неодамнешните постапки на Маск „ги тераат сите други да гледаат црвено“, додава таа.

globe

Слични новости

Зошто Трамп предлага состанок со Путин во Саудиска Арабија

Зошто Трамп предлага состанок со Путин во Саудиска Арабија

Експертите за блискоисточни прашања сметаат дека организирањето на состанокот меѓу Трамп и Путин би го зголемило влијанието на Ријад како клучен регионален играч и дека оваа дипломатска услуга САД би ја наплатиле за поголемо учесто на земјата во американските стратегиски интереси.

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Новиот план на Трамп за крај на војната во Украина

Во идните преговори, Украина веројатно ќе загуби и територии. Трамп рече дека Киев не би требало да очекува враќање на границите пред 2014 кога Русија го анектираше Крим. Русија „зазеде многу земји, се бореа за тие земји и загубија многу војници“ наведе Трамп.

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Како може контроверзниот Роберт Кенеди да влијае врз светското здравје

Роберт Ф. Кенеди, правник за животна средина кој е често критикуван поради застапување на контроверзни и демантирани научни и медицински тврдења, е назначен за нов министер за здарвство во администрацијата на Доналд Трамп.