Технолошкиот милијардер Илон Маск, кој беше ангажиран од американскиот претседател Доналд Трамп за да ја намали државната администрација, изјави во четвртокот дека најголемиот дел од работата за намалување на сојузната потрошувачка за трилион долари ќе биде завршена до крајот на неговиот мандат, односно за 64 дена.
Маск изјави за тлевизиската мрежа Fox News дека верува дека неговиот Оддел за владина ефикасност (DOGE) може да заштеди 1.000 милијарди долари, намалувајќи го сегашното вкупно ниво на сојузната потрошувачка, којашто достигнува приближно 7.000 милијарди долари, на 6.000 милијарди долари.
Маск, најбогатиот човек на светот, беше назначен од Белата куќа за „специјален вработен во владата“, што го ограничува неговиот мандат на 130 дена, што значи дека неговото раководство во операциите на DOGE би можело да заврши најрано на крајот од мај.
„Мислам дека ќе направиме поголем дел од работата потребна за да го намалиме дефицитот за трилион долари во таа временска рамка. Владата е неефикасна и има многу расипништво и измами, така што уверени сме дека намалувањето од 15 проценти може да се направи без да се влијае на некоја од критичните државни служби“, рече Маск.
DOGE проценува дека веќе со остварените кастрења од 24 март им заштедил на американските даночни обврзници 115 милијарди долари, преку мерки кои вклучуваат намалување на вработените, продажба на средства и откажување на договори со државата.
Меѓутоа, вкупните заштеди пријавени на веб-страницата на DOGE не се проверливи и неговите пресметки се преполни со грешки и корекции, според Reuters. Експертите за буџет, сепак, велат за агенцијата дека Маск не може да ја постигне својата цел за намалување на трошоците без да навлегува во програмите за права, како што е социјалното осигурување, за кои Трамп вети дека нема да ги намалува.
Интервјуто на Fox News го одбележа првиот пат кога Маск и неговиот тим во DOGE се сретнаа со медиумите за да објаснат што прават. На Маск му се придружија уште седум директори на DOGE, вклучувајќи го Стив Дејвис, претседател на компанијата за градење тунели на Маск „The Boring Company“, и Џо Гебија, ко-основач на „Airbnb“.
„Доколлку оваа вежба не биде успешна, американскиот брод ќе потоне. Затоа го правиме тоа“, рече Маск, кој е и извршен директор на производителот на електрични автомобили „Tesla“.
Улогата на Маск во намалувањето на бројот на вработените во администрацијата и сојузните агенции предизвика политички реакции последниве седмици, при што автомобилите и дилерите на „Tesla“ беа погодени од бран вандализам и со употреба на огнено оружје и со опожарување на возилата, како и протести низ целата земја.

Слични новости
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма
Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина