Кога станува збор за традицијата, која за жал придонесува да се случат вакви настани, на прво место би го ставил култот на оружјето. Да се поседува оружје во Црна Гора е дел од мачистичката култура која и натаму е доминантна во земјата.

На Цетиње во новата 2025 се случи најголемото масовно убиство во историјата на Црна Гора. Ацо Мартиновиќ на пет различни локации во градот уби 12, а рани 4 луѓе, пред самиот да се самоубие. Меѓу убините има и две деца, што оваа голема трагедија ја прави уште потешка.

Уште сега може да се насети она што ќе го гледаме и слушаме наредните денови. Ќе се зборува за недоволна превенција, оза тоа да ли има пропусти во системот на безбедност, политичарите ќе зборуваат дека никогаш ништо слично не смее да се повтори и ќе изразуваат огромна тага и загриженост.

А потоа, по стариот добар обичај, се ќе стивне. Или просто, ќе избувне некоја нова афера кави што во Црна Гора ги има во изобилие, па фокусот на јавноста ќе се помести од масакрот во Цетиње и полека ќепочне да паѓа во заборав. За среќа на политичарите, така ќе се заборави и ветувањето за итни мерки.

Се плашам дека она што не го забележуваме е дека причините за ваквите трагични настани имаат корени и во нашата традиција, но и во брзата и безобѕирна транзиција на црногорското општество од социјализам во неолиберален капитализам, со која е создадена мала каста на енормно богати и маси осиромашени луѓе без никаква надеж дека може да ја поправат својата ситуација во вака уредени економски односи.

Кога станува збор за традицијата, која за жал придонесува да се случат вакви настани, на прво место би го ставил култот на оружјето. Да се поседува оружје во Црна Гора е дел од мачистичката култура која и натаму е доминантна во земјата. И самите прописи за регулирање на набавка на оружје се лабави, но секој упатен во приликите ќе ви каже дека во Црна Гора колку што има легално, уште толку има и нелегално оружје. Исто така, факт е дека во земјата е лесно да се набави оружје.

По култот на оружјето доаѓа и толеранцијата кон масовното конзумирање алкохол, кое е особено засилено за време на празниците. Според информациите од медиумите и убиецот цел ден конзумирал алкохол пред да тргне сво својот убивачки поход.

Од друга страна, во општеството има вкоренет отпор за одење кај психијатар или психолог. Да се има ментални тегоби во оваа земја за мнозинството граѓани е сеуште срамота и носи лична и семејна стигма. Токму поради ваквите ставови и сфаќања, најголемиот број граѓани останува без адекватна грижа за менталното здравје.

На сето тоа, како одличен материјал за потпалување огин, доаѓа тешката економска и социјална ситуација во која цели делови на населението се оставени на милост и немилост и мора да „се снаоѓаат“ за преживување, а многумина „пукаат“ затоа што се изложени на постојан стрес.

Ако не бидат преземени системски мерки, ова нема да биде последен таков настан во Црна Гора. За жал, општествата на просторот на бивша Југославија се запуштени, разурнати со корупција и неправда.

Настаните во Нови Сад, Загреб, а сега и на Цетиње, најдобро сведочат за тоа колку е сево ова точно. Очигледно е дека е потребна јасна стратегија  кога станува збор за превенција на вакви настани во иднина. Но, засега, таква свест нема никаде во регионот. Затоа и во иднина ќе имаме само реакции пост фестум и ќе ги трпиме последиците.

Затоа е Цетиње последната опомена, нешто да се направи. Веќе е доцна за најмлаку 12 луѓе. Но, да не дозволиме да биде предоцна и за други. И на крајот, да не дозволиме, затоа што меѓу цивилизацијата и дивјаштвото е само еден чекор.

Един Смаиловиќ

Ал Јазеера Балканс

 

 

Слични новости

Новите американски царини на кинески прозиводи стапија во Сила, Кина возвраќа со контрамерки

Новите американски царини на кинески прозиводи стапија во Сила, Кина возвраќа со контрамерки

Ова не е прв пат Трамп да воведува царини на кинеските производи. За време на неговиот прв мандат воведе царини на кинески прозиводи во вредност од 360 милијарди долари, а Кина тогаш одговори со контрацарини на американските стоки.

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Предлогот на Трамп за преземање на Газа предизвикува голема загриженост на Блискиот исток

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп неговата земја да ја преземе воено разурнатата Газа, да ја развие економски и да ја претвори во „блискоисточна ривиера“ по преселувањето на Палестинците во други земји, допира до едно од најчувствителните прашања во арапско-израелскиот конфликт

Може ли ЕУ да го одбрани Гренланд

Може ли ЕУ да го одбрани Гренланд

Молкот на Европа за Гренланд може да се толкува како тактика да не се предизвикува голема бура и да не се предизвикуваат трансатлантски ескалции, додека политичарите се обидуваат тивко да ја ублажат заканата.