Славниот режисер Мартин Скорцесе ќе работи за компанијата за вештачка интелигенција „Black Forest Labs“ каде што ќе биде советник во нивната истражувачка лабораторија.

Оскаровацет Скорцесе соопшти дека и помага на компанијата во развојот на ФЛУКС технологијата за креирање на стори бордови. Тој додаде дека киното е млад медиум стар само 125 години и дека луѓето треба да бидат отворени за неговата еволуција.

Голем дел од уметниците во Холивуд го критикуваат Скорцезе и го обвинија дека „ ги фрла под автобус“ сите уметници што работеле на создавање на сторибордови и дека ја уништува нивната живеачка со модели креирани токму од уметниците  кои сега ќе станат непотребни.    

Слични новости

„Војна на Ѕвездите: Мандалоринецот и Грогу“ заработи 100 милиони долари на отварањето во САД

„Војна на Ѕвездите: Мандалоринецот и Грогу“ заработи 100 милиони долари на отварањето во САД

„Војна на ѕвездите : Мандалоринецот и Грогу“ стигна до заработка од 100 милиони долари на американскиот Бокс офис и до 65 милиони долари во странство за тотална заработка од 165 милиони долари на премиерниот викенд.

„Мајкл“ и „ Ѓаволот носи Прада 2“ далеку ги надминаа очекувањата

„Мајкл“ и „ Ѓаволот носи Прада 2“ далеку ги надминаа очекувањата

„Мајкл“ само во Америка досега има заработено 321 милион долари и импресивни 789 милиони долари вкупно, што го прави втор најуспешен филм во 2026 зад „Галаксијата на Супер Марио“ кој заработи 980 милиони долари.