Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

– Овие амандмани беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации, додаде Кос.

Според неа, интересно е да се види дека во услови кога има нова динамика во процесот на проширување на ЕУ и кога Албанија и Црна Гора напредуваат брзо кон членство, Србија оди во спротивна насока.

– Навистина не разбирам зошто се случува ова, но тоа не е она што сакаме да го видиме. Затоа навистина го повикувам српскиот Парламент што е можно поскоро да ги ревидира овие закони и да го усогласи правосудното законодавство со европските стандарди. Навистина сè уште сакаме Србија да стане дел од Европската Унија и нема да престанам да работам на тоа, истакна Кос.

 

Слични новости

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Русија ја блокираше платформата Вотсап

Руската служба за надзор на комуникациите и медиумите Роскомнадзор го острани Востап од ДНС серверите, со што е оневозможено користењето на оваа апликација во земјата.

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.