Кога една земја е кандидат за членство во ЕУ, како што е Србија, очекуваме да се однесува европски, но вчера усвоените измени на правосудното законодавство претставуваа сериозен застој во тој поглед, изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на Советот за надворешни работи на Унијата.
– Овие амандмани беа усвоени на многу брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации, додаде Кос.
Според неа, интересно е да се види дека во услови кога има нова динамика во процесот на проширување на ЕУ и кога Албанија и Црна Гора напредуваат брзо кон членство, Србија оди во спротивна насока.
– Навистина не разбирам зошто се случува ова, но тоа не е она што сакаме да го видиме. Затоа навистина го повикувам српскиот Парламент што е можно поскоро да ги ревидира овие закони и да го усогласи правосудното законодавство со европските стандарди. Навистина сè уште сакаме Србија да стане дел од Европската Унија и нема да престанам да работам на тоа, истакна Кос.
Слични новости
ЕУ замрзнува 1,5 милијарди евра за Србија
Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос денеска ќе соопшти дека Европската унија замрзнува 1,5 милијарди евра наменети за Србија
САД запленија брод под иранско знаме
Веста ја доведе во прашање претходната најава на претседателот на САД Доналд Трамп дека американските преговарачи ќе се упатат кон Пакистан денеска на уште една рунда разговори со Иран и веднаш ја крена цената на нафтата на светските берзи.
Румен Радев убедлив победник на изборите во Бугарија
Резултатите од пребројувањето на гласовите сеуште не се конечни, но најверојатно е дека тој ќе освои 135 мандата во парламентот со 240 седишта и самиот ќе има мнозинство за формирање на влада.


