Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска во Цетиње им оддаде почест на жртвите на неодамнешната трагедија во која животот го загубија 13 луѓе, меѓу кои и две деца.
Делегацијата на ЕУ во Црна Гора соопшти дека Кос заедно со градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ запалија свеќи пред вилата Ловќен, изразувајќи најдлабоко сочувтсво на семејствата во оваа трагедија.
Марта Кос рече дека ЕУ ќе продолжи да биде со граѓаните на Цетиње, нагласувајќи посветеност на заедничката работа со црногорските власти на решавање на предизвиците. „Овој град е олицетворение на отпорноста, културното богатство и солидарност, вредности кои лежат во срцето на ЕУ“ наведе Кос.
Комесарката за проширување вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора каде што имаше средби со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ.
Најавено е дека Кос ќе има состаноци и со претставниците на опозицијата и на граѓанскиот сектор.
Слични новости
Успешен бојкотот на маркетите во Црна Гора
Вчерашниот бојот на супермаркетите во Црна Гора беше многу успешен, а во супермаркетите во Подгорица вчера речиси и да немаше купувачи, објавуваат...
Италијанскиот суд повторно ја блокираше одлуката на Мелони за приведување мигранти во Албанија
Судот во Рим денеска повторно нареди групата мигранти која е притворена во камповите во Албанија да биде преместена во Италија, наведуваат судски извори, што е најнов удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција по морски пат.
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци