Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска во Цетиње им оддаде почест на жртвите на неодамнешната трагедија во која животот го загубија 13 луѓе, меѓу кои и две деца.
Делегацијата на ЕУ во Црна Гора соопшти дека Кос заедно со градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ запалија свеќи пред вилата Ловќен, изразувајќи најдлабоко сочувтсво на семејствата во оваа трагедија.
Марта Кос рече дека ЕУ ќе продолжи да биде со граѓаните на Цетиње, нагласувајќи посветеност на заедничката работа со црногорските власти на решавање на предизвиците. „Овој град е олицетворение на отпорноста, културното богатство и солидарност, вредности кои лежат во срцето на ЕУ“ наведе Кос.
Комесарката за проширување вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора каде што имаше средби со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ.
Најавено е дека Кос ќе има состаноци и со претставниците на опозицијата и на граѓанскиот сектор.
Слични новости
Блокадата на мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица
Заврши блокадата на два од трите моста во Нови Сад – Жежељскиот и Варадинскиот се проодни, мостот Слобода ќе биде блокиран до утре попладне
Српските студенти денеска блокираа три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешница на градската железничка станица.
Во САД конструиран првиот борбен авион Ф16 Блок 70 за Бугарија
Првите два американски борбени авиони Ф 16 од вкупно 16-те колку што ги нарача Бугарија, би требало да пристигнат во Бугарија во април годинава, а другите до крајот на 2027.