Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска во Цетиње им оддаде почест на жртвите на неодамнешната трагедија во која животот го загубија 13 луѓе, меѓу кои и две деца.
Делегацијата на ЕУ во Црна Гора соопшти дека Кос заедно со градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ запалија свеќи пред вилата Ловќен, изразувајќи најдлабоко сочувтсво на семејствата во оваа трагедија.
Марта Кос рече дека ЕУ ќе продолжи да биде со граѓаните на Цетиње, нагласувајќи посветеност на заедничката работа со црногорските власти на решавање на предизвиците. „Овој град е олицетворение на отпорноста, културното богатство и солидарност, вредности кои лежат во срцето на ЕУ“ наведе Кос.
Комесарката за проширување вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора каде што имаше средби со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ.
Најавено е дека Кос ќе има состаноци и со претставниците на опозицијата и на граѓанскиот сектор.
Слични новости
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „што е можно поскоро“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека разговорите со професорите и претставниците на универзитетите треба да започнат што е можно поскоро
Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел
Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан
Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини
Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови