Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска во Цетиње им оддаде почест на жртвите на неодамнешната трагедија во која животот го загубија 13 луѓе, меѓу кои и две деца.

Делегацијата на ЕУ во Црна Гора соопшти дека Кос заедно со градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ запалија свеќи пред вилата Ловќен, изразувајќи најдлабоко сочувтсво на семејствата во оваа трагедија.

Марта Кос рече дека ЕУ ќе продолжи да биде со граѓаните на Цетиње, нагласувајќи посветеност на заедничката работа со црногорските власти на решавање на предизвиците. „Овој град е олицетворение на отпорноста, културното богатство и солидарност, вредности кои лежат во срцето на ЕУ“ наведе Кос.

Комесарката за проширување вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора каде што имаше средби со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ.

Најавено е дека Кос ќе има состаноци и со претставниците на опозицијата и на граѓанскиот сектор.  

Слични новости

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Шест илјади луѓе го напуштија Санторини

Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни