Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес, ова го изјави Еврокомесраката за проширување Марта Кос во интервју за бугарскиот БНТ .

Таа верува дека со новата бугарска Влада ќе се најде начин процесот со Македонија да продолжи.

 „Верувам во новата бугарска влада, со која соработувам многу добро. Сите ние заедно ќе најдеме начин да го движиме процесот напред со Северна Македонија“, рече Кос. 

 

 

„Секако, владата во Северна Македонија мора да го одржи своето ветување. Тие мора да го променат својот устав, ова е договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји-членки на ЕУ.

Откако ќе се направи ова, ќе сметам на поддршката и од вашата земја, за да продолжиме напред и со Северна Македонија.“, изјави Кос.

 

Слични новости

Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со Македонија, но без ултиматуми

Јотова: Секогаш сме отворени за разговори со Македонија, но без ултиматуми

Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија не оди преку ултиматуми и ветувања, потребен е искрен дијалог. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова коментирајќи го барањето испратено од македонските власти со кое се бара билатерална средба.