Англичанецот Маркус Рашфорд кој е на позајмица во Барцелона оваа сезона блеска со шест голови и девет асистенции, а само во Ла Лига има седум асистенции што е повеќе од било кој играч во петте најсилни лиги во Европа.

Најблиску до Рашфорд според асистенциите е Арда Гулер од Реал мадрид кој има 5, а по три имаат Семењо, Жоао Педро и Бруно Фернандеш од Премиер лигата.

Барцелона има можност да го откупи договорт на Рашфорд за само 30 милиони евра, а тренерот на тимот Ханси Флик порача дека е задоволен од игрите на Рашфорд, но дека од него очекува уште поголемо залагање во пресингот и играта во дефанзивата.

Слични новости