Португалскиот фудбалски тренер Марко Силва и официјално е новиот шеф на стручниот штаб на Бефика, соопшти клубот од Лисабон. Силва кој минатите пет години го водеше Фулам, потпиша договор со Бенфика до 2028, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Силва во 2021-2022 ја освои титулата во Чемпионшип, со што го врати клубот во највисокиот ранг на натпреварување во Англија. Потоа уште четири години успешно го водеше Фулам.
Португалецот, ја одби финансикси подобрата понуда на Фулам и реши да се врати во татковината, каде што ќе ја преземе Бенфика, откако Жозе Мурињо замина во Реал Мадрид.
Слични новости
Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија
Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.
Најсилно полуфинале во историјата на Мундијалите
Полуфиналните парови Франција-Шпанија и Англија-Аргентина се најсилни во историјата, а ова е за прв пат во полуфиналето да играат и првите четири тима на ранг листата на ФИФА.
Аргентина со играч повеќе ја победи Швајцарија по продолженија
Во продолженијата Аргентина со играч повеќе силно притисна, а головите што ја однесоа Аргентина во полуфиналето ги постигнаа Алварез во 112 тата и Мартинез во 121-та минута.


