Славната американска актерка Мариска Харгитај освои две Еми награди за нејзиниот филм „Мојата мајка Џејн“. Мариска едната Еми награда ја доби за режија на документарец, а втората за извонредна специјална програма.

Со ова Мариска Харгитај стигна до три Еми награди, откако својата прва Еми награда ја доби во 2006-та за улогата во култната серија „Ред и закон- Специјален одред за жртви“ во 2006-та.

Мариска изјави дека наградите за неа имаат длабоко значење особено што ги добива во поинаква арена од актерството, како и дека не очекувала ваков вид на признание ниту во сон.

Мариска Харгитај ќе биде водителка на шоуто во кое ќе се доделуваат Еми наградите на 14 септември.  

Слични новости

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“

Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти