Главниот тренер на Челзи, Енцо Мареска, ги негираше медиумските извештаи дека се разгледува како можен наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, велејќи дека информациите се чиста шпекулација.
Мареска работеше во Манчестер Сити како помошник тренер и пристигна во Челзи во 2024 година и одлично ја заврши својата прва сезона во лондонскиот клуб, освојувајќи го трофејот од Конференциската лига, а потоа и првата титула во Светското клупско првенство во јули, победувајќи го во финалето победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен.
Спортскиот портал The Atletic го именуваше 45-годишниот италијански стручњак како главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, доколку Шпанецот одлучи да го напушти тимот на „Етихад“.
„Воопшто не ме засега, бидејќи знам дека се 100 отсто шпекулации. Во моментов не е време за тоа, особено затоа што имам договор тука до 2029 година“, рече Мареска на прес-конференција пред натпреварот од Премиер лигата против Њукасл Јунајтед.
„Многупати го кажав тоа, целосно сум фокусиран на овој клуб и сум исклучително горд што сум тука. Тоа се шпекулации. Пред една седмица во Италија бев поврзуван со Јувентус. Не обрнувам внимание на тоа бидејќи знам дека не е вистина. Сега е важно да се открие причината зошто се појави оваа вест. Но, тоа не е моја работа – не ме интересира“, рече Мареска додавајќи дека сè уште има многу да постигне како главен тренер на Челзи.
„Сините“ го победија Кардиф со 3:1 во вторникот и се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига купот.
„Ова е нашето трето полуфинале во последните 18 месеци. Минатата сезона беше добра во однос на трофеите и завршувањето на четвртото место во Премиер лигата. Целта е да се обидеме да направиме повеќе отколку што направивме минатата сезона“, рече Мареска.
Челзи е на четвртото место со 28 бода по 16 натпревари. Лидерот Арсенал има 36 бода, додека второпласираниот Манчестер Сити има 34.
Слични новости
Мемфис подобар од Минесота, Чикаго од Кливленд
Кошаркарите на Мемфис ја победија Минесота со 116:110 на гостински терен во НБА лига во ноќта од средата кон четвртокот, додека Чикаго го победи Кливленд со 127:111 пред своите навивачи
Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победија Брентфорд со 2:0 пред своите навивачи
Реал oдвај го мина третолигашот во шпанскиот куп
Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во осминафиналето на шпанскиот Кралски Куп откако го победија третолигашот Талавера де ла Реина со 3:2 на гостински терен


