Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Роберто Манчини беше разочаран по поразот од Белгија со 4:1. Тој рече дека Белгијците биле подобри од Италијаните и технички и физички.

Италијанските медиуми прашуваат како е можно да се победи Франција убедливо, а потоа Азурите да доживеат дебакл против Белгија.

Со ова Италија пропушти да се пласира на завршниот турнир на Лигата на нациите, бидејќи е трета во групата со 10 бодови.

Франција е прва со 13, а Белгија заврши како втора со 12 бодови.

 

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.