Манчестер Јунајтед ќе ги зголеми цените на сезонските билети за пет отсто

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед одлучи да ги зголеми цените на сезонските билети за следната сезона за приближно пет отсто, со цел да ги ублажи финансиските проблеми.

„По 11 години замрзнати цени, ги зголемивме цените на билетите за пет проценти во последните две години, а имаме намера да го сториме истото следната година за да ги ублажиме оперативните трошоци. Разбираме дека какво било зголемување на цената не е добредојдено, особено за време на лоши резултати на теренот, но клубот одлучи дека не би било фер цените на билетите да останат исти додека сите други трошоци растат. Ова поскапување е минимално, а од него ги заштитивме и нашите најмлади претплатници“, објасни извршниот директор на Јунајтед, Омар Берада.

Најавеното поскапување значи дека цените на сезонските билети ќе се зголемат во просек за 2,5 фунти.

Од Здружението на приврзаници на Манчестер Јунајтед ја коментираа ваквата одлука дека поскапувањето е помало од очекуваното, но сепак изразија незадоволство што тоа воопшто се случило.

Минатиот месец Јунајтед објави дека ќе отпушти од 150 до 200 вработени во клубот за да ги намали трошоците, а минатата недела ги претстави плановите за изградба на нов стадион со 100.000 седишта, чија изградба ќе чини околу два милиони фунти.

Се проценува дека сегашниот долг на Манчестер Јунајтед е околу еден милион фунти.

globe

Слични новости

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Интер Милан, откако се согласи да го раскине договорот со Симоне Инзаги (49), бара нов тренер, а главен кандидат за клупата на „нероаѕурите“ е поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона, Сеск Фабрегас (38), објавија италијанските медиуми