Во последниот натпревар од 23. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Јунајтед го совлада Фулам на гостински терен со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Лисандро Мартинез во 78. минута. Така, Манчестер Јунајтед сега има 29 бодови и е на 12-то место, додека Фулам е 10-ти со 33 бодови.
Aстон Вила и Вест Хем одиграа нерешено 1:1. Вила поведе во осмата минута преку голот на Џејкоб Ремзи, а израмни Емерсон во 70. минута. Астон Вила е осма со 37 бодови, а Вест Хем има десет бодови помалку и е на 13-то место.
На претходните натпревари Лестер Сити и Брентфорд остварија гостински победи. Лестер Сити во Лондон го совлада Тотенхем со 2:1, а Брентфорд со идентичен резултат славеше против Кристал Палас.
Тоа беше прва победа за Лестер по шест последователни победи во лигата. Тотенхем поведе во 33. минута со голот на Ричарлисон, но гостите во првите пет минути го свртеа резултатот со головите на Џејми Варди 46. и Билал Ел Канус во 50. минута.
Лестер сега е на 17-то место со 17 бодови, еден повеќе од безбедната зона. Тотенхем е на скромното за неговото реноме 15-то место со 24 бодови.
Брентфорд освои три бода и против Кристал Палас. Брајан Мбемо од пенал во 66. и Кевин Шаде во 80. минута погодија за гостите, додека Ромен Есе во 85. минута за домаќините. Брентфорд е на 11-то место со 31 бод, додека Кристал Палас е едно скалило подолу со 27 бодови.
Слични новости
Насер Џига замина од Ѕвезда во Вулверхемптон
Досегашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда Насер Џига потпиша договор со Вулверхемптон до 2030, соопшти англискиот клуб.
НБА: Уште еден „трипл-дабл“ на Јокиќ во победата на Денвер
Никола Јокиќ додаде уште еден 23-ти „трипл-дабл“ сезонава со 27 поени, 14 скока и 10 асистенции.
Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс
Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс