Уште еден пораз во низа на Манчестер јунајтед. Денеска „Црвените ѓаволи“ на својот Олд Трафорд загубија со 0:3 од Борнмут. Борнмут поведе во 38-та минута од првото полувреме, а на 0:2 зголеми Таверниер во 43-тата минута од натпреварот.

Конечниот резултат на мечот го постави Еванилсон во 71-та минута од натпреварот.

Англиските медиуми пишуваат дека ова беше последниот меч на Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед кој во средата загуби и од Комо со понижувачки 4:0.

Во Премиер лигата Манчестер јунајтед е на 16-тото место со само 7 бодови, што е најслаб старт на клубот во последните 40 години.

Слични новости

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Николас Батум ја заврши кошаркарската кариера

Францускиот кошаркар Николас Батум реши да ја заврши кариерата во 37-та година. Тој дојде во НБА лигата во дамнешната 2008-ма година, а најголемиот дел од кариерата го мина во Портланд, Шарлот и ЛА Клиперс.