Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер јунајтед ги следи Рубен Невеш од Ал Хилал и Конор Галагер од Атлетико Мадрид како потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.
Тренерот Рубен Аморим сака да го засили средниот ред и тоа со играчи кои имаат искуство во Премиер лигата.
Постои интересирање и играчот за врска на Борнмут Тајлер Адамас, но се смета дека трансферот на американскиот репрезентативец е пореалистичен во летниот преоден рок.
Манчестер јунајтед е заинтересиран и за напаѓачот на Борнмут Антоан Семењо, но се наведува дека тој планира да замине во Ливерпул, а дека негова втора опција е Манчестер сити.
Слични новости
Болоња го совлада Интер за финале во Суперкупот
Болоња ќе игра во финалето на италијанскиот Суперкуп во саудиски Ријад, првпат во својата клупска историја
Вавринка ја завршува кариерата на крајот на 2026.
Станислас Стан Вавринка, 40-годишниот швајцарски тенисер, објави дека следната година ќе биде неговата последна во големата кариера
Коубек нов чешки селектор
Чешката фудбалска асоцијација во петокот објави дека Мирослав Коубек е назначен за селектор на Чешка, која ќе игра во квалификациите за Светското првенство 2026 во март


