Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер јунајтед ги следи Рубен Невеш од Ал Хилал и Конор Галагер од Атлетико Мадрид како потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.

Тренерот Рубен Аморим сака да го засили средниот ред и тоа со играчи кои имаат искуство во Премиер лигата.

Постои интересирање и играчот за врска на Борнмут Тајлер Адамас, но се смета дека трансферот на американскиот репрезентативец е пореалистичен во летниот преоден рок.

Манчестер јунајтед е заинтересиран и за напаѓачот на Борнмут Антоан Семењо, но се наведува дека тој планира да замине во Ливерпул, а дека негова втора опција е Манчестер сити.

Слични новости

Борусија Д подобра од Борусија М

Борусија Д подобра од Борусија М

Во првиот натпревар од 15-то коло од германската Бундеслига, фудбалерите на Борусија Дортмунд, на домашен терен го победија истоимениот тим од Менхенгладбах со 2:0