Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед е заинтересиран за голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација Емилио Мартинез.

Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.

Мартинез кој има 32 години има договор со Астон Вила до 2029, но британските медиуми јавуваат дека почнале преговори за трансфер на аргентинскиот голман во Манчестер јунајтед.

Мартинез дојде во Астон Вила во 2020 од Арсенал каде што бранеше од 2012.

Слични новости

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија

Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.